Џенифер Лопез, Криси Тиген, Викторија Бекам ... Еве како славните го одбележаа Денот на таткото
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез, Криси Тиген, Викторија Бекам ... Еве како славните го одбележаа Денот на таткото

Џенифер Лопез, Криси Тиген, Викторија Бекам ... Еве како славните го одбележаа Денот на таткото

Низ многу земји од светот вчера се славеше Денот на таткото, кој има за цел да им оддаде почит на татковците, да ја истакне важноста на врската татко-дете и да го потенцира влијанието на татковците во општеството.

По тој повод, многу славни личности на социјалните мрежи споделија фотографии, придружени со емотивни и впечатливи пораки.

Џенифер Лопез

48-годишната пејачка објави видео од саканиот Алекс Родригез во кое тој чита пораки од неговите ќерки и од близнаците на познатата пејачка.

„Те ценам и те сакам не само денес, туку и секој ден, затоа што си бестрашен лидер и наш секојдневен херој, што правиш да се смееме и да уживаме во оваа авантура во која сме заедно во секој момент... Те сакаме денес и секој ден... Среќен Ден на таткото на најгрижливиот татко на Таши и Ела! И ти благодарам љубов моја што толку прекрасно се грижиш за Макс и Ема. Никогаш не ги земам здраво за готово твојата добрина и твојата великодушност. Сите сме среќни што те имаме во нашите животи...“ – напиша таа во описот.

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Алекс Родригез

Алекс Родригез со семејни фотографија ја потенцираше важноста на неговата улога како татко на две ќерки. На некои од фотографиите се и Лопез со Макс и Ема.

„Денешниот ден има потполно различно значење за мене отколку што имаше кога за првпат ѝ станав татко на Таши, а потоа и на мојата Ела Бела. Одговорноста е огромна, но за мене секогаш била скапоцена. Како што стареам и со гордост ги гледам моите деца како го прават истото, не само што моите деца се моја гордост и радост и приоритет број еден, но сега исто така ме мотивираат. Секој ден, Таши и Ела ме прават подобар татко и подобра личност. Да си татко е најважната работа на светот, повеќе од која било кариера за којашто сонував кога бев дете. До сите татковци, никогаш не престанувајте да се обидувате да бидете најдобри. Ни јас нема“ – напиша поранешниот бејзбол играч на Instagram.

Алекс Родригез Алекс Родригез Алекс Родригез Алекс Родригез Алекс Родригез Алекс Родригез Алекс Родригез Алекс Родригез

Викторија Бекам

Како и секоја година, Викторија не пропушти да им го честита Денот на таткото на сопругот Дејвид Бекам и на татко си Ентони. Таа објави фотографија од својот сакан и напиша: „Среќен Ден на таткото на најдобриот татко на светот!!! Сите те сакаме многу и ти испраќаме многу бакнежи“.

Викторија Бекам

Познатата дизајнерка објави и фотографија од своето крштевање за да му го честита празникот на татко си.

Викторија Бекам

Викторија подоцна сподели уште една фотографија на која Дејвид позира со три од четирите деца.

Викторија Бекам

Дејвид Бекам

Додека Викторија му го честиташе празникот на својот сакан, Дејвид Бекам објави три фотографии од својот татко за да му порача: „Среќен ден на таткото, тато и на сите татковци низ светото. Да бидеш родител е најспецијалната и најблагодарната улога која некој може да ја има, па цени го секој момент“.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Криси Тиген

„Ти благодарам за прекрасниот живот и овие прекрасни животи што ми ги даде. Мојот најдобар пријател и партнер засекогаш, најгрижливиот и најљубезниот и најмилиот човек на светот. И најпаметниот. Не реков најзабавниот за да знаеш дека не те лажам. Те сакаме со целите наши срца. Среќен Ден на таткото“ – напиша популарниот модел за сопругот Џон Леџенд.

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Џон пак сподели фотографии од подароците кои ги доби и од вечерното излегување со Криси. „Знам дека е Денот на таткото и сè, но мојата сопруга е неверојатна. Ме води на вечера и покрај тоа, ја извршува мајчинската должност“ – напиша тој на фотографија на која неговата сакана се измолзува облечена во елегантна облека.

A post shared by John Legend (@johnlegend) on

Џесика Бил

Актерката Џесика Бил преку Instagram испрати порака до својот татко и до сопругот Џастин Тимберлејк, со кого имаат еден заеднички син.

„Да живее мојот неверојатен татко кој ме научи да не се плашам од ништо! Да бидам строга и доследна кога се работи за мојата лична дисциплина и интегритет, кој безусловно ме сакаше и се грижеше за сите мои соништа како дете и како возрасна личност. И мојот сопруг кој секој ден го гледа со одушевување додека го насочува и учи, охрабрува и поддржува, и пред сè го САКА неговото малечко човече. Среќен Ден на таткото на сите татковци. Не можеме да се справиме со ова родителско нешто без вас“ – напиша 36-годишната ѕвезда.

Џесика Бил Џесика Бил

Џастин Тимберлејк

37-годишниот пејач со четири фотографии од својот син и порака им го честиташе празникот на сите татковци.

„Последните три години од мојот живот ми донесоа многу повеќе радост отколку што можев да замислам. Да си татко е неверојатно патување... секој ден е прекрасно откритие. Мој синко: чест ми е што сум твој татко. Ми даваш таква љубов, каква што не сум знаел дека постои. СЕКОГАШ ќе бидам тука... да те кренам кога ќе паднеш, да те подигнам кога си подготвен да леташ и да те потсетам дека скромноста ќе биде твој водич низ ова нешто наречено живот. До сите татковци: Продолжете така! Нашите деца гледаат и слушаат многу повеќе одошто ние си мислиме! Наздравувам за сите вас денес! Среќен Ден на таткото! Наздравје!“ – напиша Тимберлејк.

Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк

Ен Хетавеј

Актерката ја раскажа животната приказна на татко си и испрати порака дека е против политиките на сегашната власт, која раздели многу родители од своите деца.

„Татко ми порасна во сиромаштија и првата работа ја доби кога имаше 10 години, а сега е меѓу најпочитуваните адвокати во својата професија. Додека растевме јас и моите браќа, татко ми секој ден патуваше по час и половина за да работи и покрај тоа, успеваше да ги тренира нашите фудбалски екипи и да му помага на персоналот на сцената на секоја од моите претстави. Тој го има најголемото срце на Лав и е неверојатно паметен... Ме научи како да го користам мојот ум, да се обидам и да го направам светот подобро место... Едноставно, тој е мојот херој“.

Ен Хетавеј

Иванка Трамп

„Му го честитам Денот на таткото на мојот сакан! Ти благодарам што си толку прекрасен татко (и сопруг!) Те сакаме“ – напиша ќерката на Доналд Трамп.

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) on

Шенон Доерти

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Ева Лонгорија

Миранда Кер

Роузи Хантингтон-Вајтли

Двејн Џонсон

Мараја Кери

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

Шерон Стоун

Оливија Вајлд

A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde) on

Ким Кардашијан

Кајли Џенер

so lucky to have you

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Ана Ивановиќ

Беати Принсло

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?