Џенифер Гарнер бремена со третото дете на Бен Афлек
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Гарнер бремена со третото дете на Бен Афлек

Џенифер Гарнер бремена со третото дете на Бен Афлек

Џенифер Гарнер и Бен Афлек ќе го зголемат своето семејство со уште еден член. 39-годишната актерка е бремена со нивното трето дете.

Нивните гласноговорници ја потврдија веста и изјавија дека парот е пресреќен поради радосната вест.

Бен Афлек и Џенифер ГарнерБен Афлек и Џенифер Гарнер

Според Us Weekly, Џенифер отсекогаш сакала три деца. Таа и Бен се родители на 5-годишната Вајолет Ен и 2-годишната Серафина Роуз Елизабет.

Во 2009 година, Џенифер откри колку е среќна што е мајка. „Најдобриот дел од тоа да си мајка е самото дете – го имаш тоа мало човече да биде твој пријател и да се дружи со тебе (и да те полудува). Очигледно го менува животот и го шири твоето срце, и е нешто што не може да се опише со зборови без да звучи сентиментално или како клише“ - изјавила таа.

Џенифер и Бен се заедно од 2004 година, а стапија во брак една година подоцна.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9685 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.