Џенифер Анистон стана вирален хит со првата објава на Instagram. Харизматичната актерка се приклучи на популарната социјална мрежа со фотографија на која позира со своите колеги од хит-серијата „Пријатели“ и веднаш постави рекорд.
Имено, Џенифер доби еден милион следачи за само 5 часа и 16 минути, со што го сруши рекордот на Меган Маркл и принцот Хари, на кои им беа потребни 5 часа и 45 мминути за да стигнат до еден милион следачи.
Фотографијата на која Анистон позира со Кортни Кокс, Метју Пери, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Мет Лебланк веќе има над 12 милиони лајкови.
Промовирајќи ја својата нова серија „The Morning Show“, 50-годишната ѕвезда гостуваше во шоуто на Џими Кимел.
Пред студиото, таа беше фотографирана во кежуал издание, а пред публиката се појави во тесен црн фустан.










