Џастин Тимберлејк и Џесика Бил официјално раскинаа
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Тимберлејк и Џесика Бил официјално раскинаа

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил официјално раскинаа

Веќе подолго време се шпекулираше за постоењето на проблеми во врската на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил и се зборуваше дека нивните заеднички појавувања пред јавноста се само фарса. Сега нивната разделба е официјална.

Претставник на славниот пар потврди дека Џесика и Џастин решиле да се разделат.

Британскиот DailyMail ексклузивно објави дека причина за разделбата било однесувањето на Џастин на неговата неодамнешна роденденска забава.

Џесика Бил и Џастин ТимберлејкЏесика Бил и Џастин Тимберлејк

Џесика му организирала забава на Џастин за неговиот 30-ти роденден. Додека таа кажувала здравица, раскажала дека на почетокот на врската го бркала Џастин, раскажала колку е заљубена во него и колку ѝ значи. На крајот од нејзиниот говор, Џастин станал и извикал: „Yeah bitches!“.

„Беше многу непријатна ситуација. Реакцијата на Џастин беше неучтива. Тој само ја исмеа“ – изјавил сведок за DailyMail.

Но, според странските медиуми, ова не е единствениот проблем во нивната врска. Минатата година тие краток период беа разделени, а нешто подоцна се појавија гласини дека Џастин ја изневерува Џесика со Оливија Мун.

Која е вистината не се знае. Единствено што се знае е дека Џастин и Џесика се повторно сингл.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6787 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.