Џастин Бибер и Хејли Болдвин ја потврдија свршувачката со постови на социјалните мрежи
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер и Хејли Болдвин ја потврдија свршувачката со постови на социјалните мрежи

Џастин Бибер и Хејли Болдвин ја потврдија свршувачката со постови на социјалните мрежи

Џастин Бибер ја запроси својата девојка Хејли Болдвин за време на одмор на Бахамите. Иако среќната вест беше најпрво објавена од медиумите, парот сега ја потврди свршувачката со постови на социјалните мрежи.

На Instagram, Бибер сподели две фотографии со својата идна сопруга заедно со емотивна порака.

„Сакав да почекам малку пред да ја споделам веста, но зборовите патуваат брзо. Хејли заљубен сум во сè што е поврзано со тебе! Се посветувам на тоа да го поминам мојот живот запознавајќи го секој дел од тебе, да те сакам трпеливо и нежно.“

„Ветувам дека ќе го водам нашето семејство со чест и интегритет. Моето срце е потполно и целосно твое и секогаш ќе те ставам тебе на прво место. “

„Ти си љубовта на мојот живот Хејли Болдвин и не би сакал да го поминам со никој друг. Ме правиш подобра личност и одлично се надополнуваме еден со друг. Со нетрпение ја чекам најдобрата сезона во животот. Смешно е, бидејќи сега со тебе сè има смисла. Највозбуден сум што моите помали брат и сестра ќе можат да видат уште еден здрав и стабилен брак и ќе се стремат да го пронајдат истото“ – стои во објавата.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Хејли на Twitter напиша: „Не сум сигурна што направив во животот за да заслужам ваква среќа, но благодарна му сум на Бог што ми даде прекрасна личност со која ќе го делам животот! Не постојат зборови со кои можам да ја изразам мојата благодарност“.

Хејли беше фотографирана со голем веренички прстен.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Хејли и Џастин беа во врска само неколку недели пред да се верат. Според информации од медиумите, тие имале кратка врска и во 2016 година.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 1103 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?