Џастин Бибер и Хејли Болдвин се верија на Бахамите по само неколку недели врска
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер и Хејли Болдвин се верија на Бахамите по само неколку недели врска

Џастин Бибер и Хејли Болдвин се верија на Бахамите по само неколку недели врска

Џастин Бибер и Хејли Болдвин се верија. Според релевантни странски медиуми, 24-годишниот пејач ја побарал за жена Хејли за време на романтична вечера на Бахамите.

Славната двојка е во врска само неколку недели, а за првпат беа фотографирани како пар минатиот месец.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Анонимен извор за списанието People изјави: „На еден начин е изненадување, но на друг, не е. Џастин беше екстремно среќен изминатите неколку недели. Тој ја познава Хејли долго време. Ова можеби изгледа ненадејно, но тие добро се познаваат еден со друг“.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Како што пренесува TMZ, додека гостите на луксузен ресорт танцувале салса, телохранителите на Бибер побарале од нив да не ги користат мобилните телефони, најавувајќи им дека ќе се случи нешто специјално. Бибер ја побарал за жена Болдвин пред сите присутни.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Медиумите шпекулираат дека тие биле во кратка врска во 2016 година, а сега ја обновиле.

Родителите на Џастин на социјалните мрежи објавија постови за неговата свршувачка.

@justinbieber Proud is an understatement! Excited for the next chapter!

A post shared by Jeremy Bieber (@jeremybieber) on

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3738 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?