Џастин Бибер и Хејли Болдвин позираа заедно за „Вог“, споделија дека немале секс пред бракот
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер и Хејли Болдвин позираа заедно за „Вог“, споделија дека немале секс пред бракот

Џастин Бибер и Хејли Болдвин позираа заедно за „Вог“, споделија дека немале секс пред бракот

Џастин Бибер и Хејли Болдвин се протагонисти во најновото издание на „Вог“. Популарниот пар позираше пред објективот на Ени Либовиц во креации од Долче и Габана, Пако Рабан и Стела Мекартни, а во интервјуто се отвори за емоционалните проблеми и семејниот живот.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

24-годишниот пејач и 22-годишниот модел ги изненадија своите фанови кога во септември стапија во брак по само 3 месеци врска. Тогаш се засилија гласините дека бременост е причината за избрзаниот брак. Но, вистината е дека децата засега не се во плановите на Џастин и Хејли. Всушност, тие немале сексуални односи пред да се заколнат на вечна љубов.

Иако извесно време се дружеле интензивно, Џастин и Хејли никогаш немале романтични односи, а одреден период и воопшто не се гледале. Кога повторно се зближиле и ја започнале врската во јуни, тој веќе една година апстинирал од секс.

„Мислам дека сексот може да предизвика голема болка. Понекогаш луѓето имаат секс затоа што не се чувствуваат доволно добри, затоа што не се вреднуваат доволно. И жените и мажите го прават тоа. Сакав да му се посветам одново на Бог на тој начин, затоа што навистина чувствував дека е подобро за состојбата на мојата душа. И верувам дека како резултат на тоа, Бог ме благослови со Хејли. Доброто однесување е наградено. Кога ја видов во јуни, имав заборавено колку многу ја сакав и колку многу ми недостигаше и колку позитивно влијаеше на мојот живот. Знаев дека го најдов она што го барав“ – изјави тој.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Хајли не крие дека брачниот живот е тежок. „Нема да седам тука и да лажам кажувајќи дека сè е магична фантазија. Секогаш ќе биде тешко. Тоа е избор. Не се чувствувам среќна во бракот секој ден. Не се будам секој ден велејќи си ‘Апсолутно сум заљубена и ти си совршен’. Бракот не е тоа. Ние сме навистина млади и тоа плаши. Ќе се менуваме многу. Но, ние сме посветени да растеме заедно и да се поддржуваме низ тие промени. Така јас гледам на работите. На крајот на денот, тој е мојот најдобар пријател“ – вели таа.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 574 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?