Јелена Ѓоковиќ и 4-годишниот Стефан го бодреа Новак до победа на Ролан Гарос
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јелена Ѓоковиќ и 4-годишниот Стефан го бодреа Новак до победа на Ролан Гарос

Јелена Ѓоковиќ и 4-годишниот Стефан го бодреа Новак до победа на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ особено се гордееше со победата над Хенри Лааксонен на Ролан Гарос, затоа што ова беше првпат да биде бодрен за време на целиот меч од неговиот мал син Стефан.

4-годишното детенце и Јелена гласно ракоплескаа од трибините во знак на поддршка на Ноле.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

По натпреварот, Новак изјави: „Ова е многу специјален ден за мене, затоа што првпат играм пред син ми. Тој покажа неверојатно трпение седејќи таму час и половина. Вообичаено не е толку трпелив кога станува збор за тенисот.“

Во третото коло на Отворено тениско првенство на Франција, славниот Србин ќе игра со Италијанецот Салваторе Карузо.

Стефан беше присутен и кога Новак го крена трофејот на Вимблдон минатата година, но сега беше првпат да го следи во текот на целиот натпревар.

Новак и Јелена се родители и на малата Тара.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3339 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?