Крис Нот и неговата сопруга Тара Вилсон му посакаа добредојде на вториот син.
Среќната вест ја објави 65-годишниот актер, кој најмногу се прослави со улогата на Мистер Биг (Ѕверка) во „Сексот и градот“. „Од рајот дојде нашиот втор син – Китс!“ – напиша тој.
Крис и Тара се запознаа во 2002 година, а нивниот прв син Орион Кристофер се роди во јануари 2008 година. Тие стапија во брак во април 2012 година.


Минатата година, Нот објави дека го очекува второто дете.

Потсетете се на неговата улога во хит-серијата „Сексот и градот“, во која беше во врска со Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер).


