Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“ се сретнаа на едно место, погледнете како изгледаат денес

Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“ се сретнаа на едно место, погледнете како изгледаат денес

Серијата „Беверли Хилс, 90210“ десет години привлекуваше милионска публика пред телевизиските екрани, следејќи го животот на група млади лица и начнувајќи дискусии за љубовта и пријателството, но и обработувајќи посериозни теми како алкохолизам, семејно насилство, дрога, сида, силување, тинејџерска бременост...

Кој не се сеќава на љубовниот триаголник Бренда-Дилан-Кели?

Цели 26 години по емитувањето на првата епизода, ѕвездите од серијата се собраа за панел-дискусија во рамките на „REWind Con“ во Чикаго.

Тори Спелинг (Дона Мартин) сподели фотографија на која позира со Џејсон Присли (Брендон Волш) и Џени Гарт (Кели Тејлор).

Беверли Хилс, 90210

На групната фотографија можете да ги видите и Лук Пери (Дилан МекКеј), Габриел Картерис (Андреа Зукерман), Џејмс Екхаус (Џим Волш), Винсент Јанг (Ноа Хантер) и Кристин Елис (Емили Валентајн).

Беверли Хилс, 90210

На настанот не присуствуваше Шенон Доерти (Бренда Волш), која се бори со рак на дојка. Сепак, нејзините колеги не дозволија средбата да заврши без да ѝ дадат поддршка.

Џени Гарт сподели фотографија на која пишува „Бори се како Бренда“, а во описот напиша: „За мојата сестра по дух. Најсилната дама која ја познавам. Тогаш и сега. Порано ме плашеше твојот дух, сега ти се восхитувам. Ме научи многу за тоа дека треба да го кажувам она што го мислам и да не се плашам од мојата моќ. Благодарна сум што младата јас беше пријателка со тебе. Но, особено благодарна сум што и старата јас е. Најдоброто допрва претстои на ова лудо патување! Те сакам!“

Беверли Хилс, 90210

Лук Пери изјави дека во целата серија омилена му била врската Дилан-Бренда. „Таа има голем удел во успехот на шоуто. Таа ме научи многу“ – рекол тој.

Беверли Хилс, 90210

Поради професионални ангажмани, отсутни беа и Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер) и Иан Зиринг (Стив Сандерс).

Беверли Хилс, 90210

Погледнете и видеа:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 13341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.