Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездите од „Беверли Хилс“ се обединија, „Бренда“ доби силен аплауз сред нејзината битка со ракот

Ѕвездите од „Беверли Хилс“ се обединија, „Бренда“ доби силен аплауз сред нејзината битка со ракот

„Оригиналните“ ѕвезди од хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“ се обединија на сцената во Тампа, Флорида.

33 години по почетокот на снимањето на серијата, Шенон Доерти (Бренда Волш), Тори Спелинг (Дона Мартин), Џејсон Присли (Брендон Волш), Џени Гарт (Кели Тејлор), Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер), Иан Зиринг (Стив Сандерс) и Габриел Картерис (Андреа) се собраа на панелот за да дискутираат за тинејџерската серија и да одговорат прашања од фановите.

Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс

При крајот на настанот, Шенон, која се бори со рак на дојка во четврт стадиум, доби громогласен аплауз и беше надвладеана од емоците.

„Многу ви благодарам. Имам борба за мојот живот со која се соочувам секој ден. Мислам дека сум добро“ – рече таа.

Изминатиот јуни, Доерти сподели дека ракот метастазирал и во нејзиниот мозок. Таа сподели видео на кое прима радиотерапија и напиша: „Вака изгледа ракот“.

Беверли Хилс

Шенон во 2017 година сподели дека ја победи ужасната болест, но за жал, ракот повторно се врати.

Беверли Хилс

Серијата „Беверли Хилс, 90210“ се снимаше од 1990 до 2000 година.

Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс

Анкета

Анкета
Каде на летен одмор годинава?
  • 10%
  • 41%
  • 17%
  • 32%
Се испраќа...

(Вкупно: 3436 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.