Хит во најава: Првиот трејлер за новиот филм на Квентин Тарантино со Леонардо Дикаприо и Бред Пит
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хит во најава: Првиот трејлер за новиот филм на Квентин Тарантино со Леонардо Дикаприо и Бред Пит

Хит во најава: Првиот трејлер за новиот филм на Квентин Тарантино со Леонардо Дикаприо и Бред Пит

Се ближи денот кога во киносалите ширум светот ќе започне да се прикажува деветтиот филм на Квентин Тарантино. Денес, беше објавен првиот трејлер за „Once Upon a Time In Hollywood“ кој собра голема ѕвездена екипа.

Бред Пит и Леонардо Дикаприо ги имаат главните машки улоги, додека Марго Роби ќе влезе во улога на актерката Шарон Тејт, која беше жртва на семејството Менсон.

Филмот го следи периодот кога се случуваат убиствата од страна на „семејството Менсон“. Леонардо влегува во улогата на неуспешен актер од вестерн ТВ-серија, кој заедно со својот дублер (Бред Пит) се обидува да се пробие во филмската индустрија.

Во филмот се појавуваат и неодамна починатиот актер Лук Пери, Ал Пачино, Курт Расел, Дакота Фенинг, Барт Рејнолдс и Демијан Луис.

Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood Once Upon a Time In Hollywood

„Once Upon a Time In Hollywood“ ќе излезе на 26 јули оваа година.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 68%
  • 14%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 5615 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.