Хајди Клум тајно се омажи за Том Каулиц
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хајди Клум тајно се омажи за Том Каулиц

Хајди Клум тајно се омажи за Том Каулиц

Хајди Клум и Том Каулиц тајно ја крунисаа својата врска со брак пред неколку месеци. Странските медиуми стигнаа до документи кои се доказ за нивниот брак.

46-годишниот модел и 29-годишниот музичар се заколнале на вечна љубов на 22 февруари, само 2 месеци по веридбата.

Хајди Клум и Том Каулиц

Изборот на датумот за венчавката не е случаен. Имено, парот се запознал на 22 февруари 2018 година, а Клум во една прилика изјави дека би се омажила за Том уште на денот кога се сретнале за првпат.

Хајди со фотографија од прстенот објави дека го прифати предлогот за брак на Том кон крајот на декември минатата година.

Хајди Клум и Том Каулиц

Ова е трет брак за супермоделот, а втор за ѕвездата од Tokio Hotel. Хајди беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година, а потоа имаше љубовна врска со Флавио Бријаторе, со кого има едно дете. Клум и седум години беше во брак со музичарот Сил, со кого има три деца.

Том претходно беше во брак со Риа Сомерфилд, од која се разведе минатата година.

Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц Хајди Клум и Том Каулиц

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9438 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.