ФОТО: 20-годишната Оливија Кулпо стана Мис САД 2012
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 20-годишната Оливија Кулпо стана Мис САД 2012

ФОТО: 20-годишната Оливија Кулпо стана Мис САД 2012

Синоќа беше избрана новата Мис САД. 20-годишната Оливија Кулпо ја освои титулата и ја доби привилегијата да биде претставничка на САД на Мис Универзум.

Оливија КулпоОливија Кулпо

Симпатичната бринета од Род Ајленд победи 50 други девојки и ја прими круната на крајот на свечена манифестација одржана во Лос Анџелес.

Оливија и првата придружничка, Мис МерилендОливија и првата придружничка, Мис Мериленд

Убавиците се натпреваруваа прво облечени во костими за капење, потоа во вечерни тоалети, а на крајот одговараа на прашања. Оливија носеше бикини во боја на лавандула и елегантна долга тоалета во пурпурна боја.

Оливија по бикиниОливија по бикини
Оливија Кулпо Оливија Кулпо

Освен со убавината, таа ги шармира членовите на жири-комисијата и со одговорот на прашањето дека би било фер ако жена транссексуалец победи на Мис САД.

„Сметам дека би било фер, но можам да разберам зошто би им било страв на луѓето да тргнат по тој пат... Го прифаќам тоа бидејќи верувам дека ова е слободна земја“ – одговорила Оливија, која професионално свири виолончело.

Оливија ја прими круната од минатогодишната победничка, Алиса Кампанела.

Оливија и минатогодишната победничка Алиса КампанелаОливија и минатогодишната победничка Алиса Кампанела

Ако поради било какви причини Оливија не може да ги извршува задолженијата кои ги носи престижната титула, таа ќе биде заменета од претставничката на Мериленд, Нана Мериведер. Мис Охајло го освои третото место.

Петте финалисткиПетте финалистки: Мис Охајо, Мис Мериленд, Мис Род Ајленд, Мис Невада и Мис Џорџија. Десетте финалисткиДесетте финалистки Убавици по бикини Оливија КулпоОливија Кулпо Оливија КулпоОливија Кулпо

Прогласувањето на победничката

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 5009 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?