Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Чарна Невзати е нашата претставничка на изборот за Мис на светот 2025

ФОТО: Чарна Невзати е нашата претставничка на изборот за Мис на светот 2025

По долги години пауза, повторно ќе имаме наша претставничка на изборот за Мис на светот.

Чарна Невзати беше избрана да ја претставува нашата земја на манифестацијата која годинава ќе се одржи во Телангана, Индија.

„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“ – напиша Чарна.

Чарна Навзати

20-годишната студентка на правен факултет сподели фотографии на својот профил на Instagram на кои се подготвува за големиот настан.

Чарна Навзати Чарна Навзати Чарна Навзати Чарна Навзати Чарна Навзати Чарна Навзати Чарна Навзати

Ова ќе биде 72-ро издание на Мис на светот, а ќе се одржува од 7 до 31 мај.

Фотографии: Чарна Невзати / Instagram

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26299 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.