ФОТО: Со Фотошоп ѝ ги избришаа ребрата на слабата манекенка
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Со Фотошоп ѝ ги избришаа ребрата на слабата манекенка

ФОТО: Со Фотошоп ѝ ги избришаа ребрата на слабата манекенка

Дигиталната обработка на фотографиите за списанијата не е новост. Но, обично манекенките и славните личности се на „Фотошоп диета“, т.е. придобиваат послаба фигура.

Најновиот Фотошоп скандал всушност е поради обратното – преслаба манекенка доби малку мевце на стомакот.

На скандалозната фотографија популарната Карли Клос е фотографирана топлес со подигнати раце. Оригиналната фотографија, која беше објавена од самиот фотограф Грег Кадел, ги покажува сите ребра на 20-годишната Клос. Но, на фотографијата наменета за печатеното издание на списанието „Numéro“, ребрата на привлечната манекенка се „измазнети“.

Карли КлосКарли Клос (лево: оригиналната фотографија; десно: дигитално обработената фотографија)

Веројатно уредниците на списанието не сакале да се крене скандал каков што пред неколку месеци предизвика „Вог“ Италија, повторно со фотографија од Карли Клос. Тогаш списанието беше обвинето дека поддржува нездрав изглед. Откако фотографијата од Карли заврши на сајтови и блогови на кои девојките се поддржуваат меѓу себе за да негуваат анорексичен изглед, фотографијата беше избришана од „Вог“.

Карли КлосКарли Клос во „Вог“ Италија

Карли Клос е една од најпопуларните манекенки во моментов.

Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“ Карли Клос за „Numero“

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9634 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.