Албанскиот град Драч беше домаќин на „Miss Globe 2013“. Синоќа беше крунисана новата победничка, Романката Бјанка Марија Падурару.
Победничката Бјанка Марија Падурару
Титулата „прва придружничка“ ја доби Олга Портнова од Казахстан.
Првата придружничка Олга Портнова
За втора придружничка беше избрана Клаудија Вишниовска од Полска.
Втората придужничка Клаудија Вишниовска
Нашата претставничка, 18-годишната скопјанка Симона Станковска, влезе во десетте најдобри, а ѝ беше врачена и наградата „Мис елеганција“. Таа стана и прва придружничка на „Мис талент“ и прва придружничка на „Мис бикини“.
Симона Станковска
