Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Селин Дион ги покажа близначињата Еди и Нелсон

ФОТО: Селин Дион ги покажа близначињата Еди и Нелсон

Селин Дион реши дека е време светот да ги запознае нејзините близначиња кои дојдоа на свет пред два месеци. Канадската пејачка позираше со своите синови Еди и Нелсон за насловната страна на канадското списание Hello!.

На фотографијата Селин е облечена во бели пижами и го држи в рацете едното синче, додека другото мирно спие до неа.

Селин Дион и нејзините близначиња Нелсон и ЕдиСелин Дион и нејзините близначиња Нелсон и Еди

42-годишната пејачка е пресреќна поради новите членови на нејзиното семејство, но во интервјуто за списанието признава и дека не е лесно да се негуваат близначиња.

„Не знам како жените го прават ова. Секој ден Рене ме прашува „Дали спиеше добро?“, а јас му враќам „Мора да се шегуваш! Нема спиење!““ – раскажала таа.

На 20 страни од списанието има семејни фотографии од Селин, нејзиниот сопруг Рене, нивниот 9-годишен син Рене-Чарлс и близначињата. Фотографиите се направени во нивниот дом на Флорида.

Едниот син на Селин го добил своето име според легендарниот африкански лидер Нелсон Мандела, а другиот според францускиот продуцент Еди Марнеј.

Коментари (0)

Сè уште нема коментари за оваа статија. Вашиот може да биде првиот!

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9922 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter