Свадбата на дизајнерката на накит Памела Лав е доказ дека не се неопходни луксузни и префинети нешта за да се прослави вистинската љубов. Фотографии од нејзината свадба во хипи стил беа објавени од „Вог“ и на интересен начин ги покажуваат поважните моменти од нејзиниот голем ден.
„Беше совршено, како летен камп. Направивме свадба на село. Сакав да можам да трчам наоколу боса ако го посакам тоа!“ – изјавила среќната невеста.
Памела со цвеќињата за декорирање
Памела носеше фустан дизајниран од нејзината пријателка Мара Хофман, додека уникатниот накит го изработила сама.
Невестинскиот фустан, дело на дизајнерката Мара Хофман
Памела пред да се упати на церемонијата
За многу невести подготовките за свадбата може да бидат проследени со многу стрес, но Памела го немала тој проблем бидејќи сите пријатели помогнале при организирањето.
Памела и нејзината мајка
Додека носеше цветен венец на главата, таа му го кажа судбоносното „Да“ на својот избраник Метју Нелсон.
Едноставна, но полна со љубов и насмевки – со овие зборови пријателите ја опишале нестандардната свадбена церемонија и прославата.
Првиот танц на младоженците
