Парис Хилтон во полициската станица
Парис Хилтон очигледно никогаш нема да го промени својот начин на живот. Уште еднаш славната Хилтон беше уапсена за поседување на дрога.
За време на викендот полицијата во Лос Анџелес ја уапси Парис Хилтон, откако при претрес од нејзината чанта паднала кесичка со кокаин.
Но, од сликата направена во полициската станица јасно се гледа дека 29-годишната русокоса воопшто не е загрижена поради нејзиниот судир со законот. Таа позира поднасмевнато, иако ова е нејзино трето апсење ова лето.
Во Јужна Африка за време на Светското првенство Парис беше уапсена за поседување на марихуана, но обвиненијата беа повлечени. Само две седмици подоцна на Корзика беше пронајден канабис во нејзината чанта, но беше помалку од 1 грам, па кокетната Парис повторно избегна судење.
Моментот кога Хилтон била претресувана од полицијата
Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (3)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.