ФОТО: Ким Кардашијан за мажите, Кание Вест и наредната свадба
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ким Кардашијан за мажите, Кание Вест и наредната свадба

ФОТО: Ким Кардашијан за мажите, Кание Вест и наредната свадба

Ким Кардашијан позираше во неколку гламурозни фустани и винтиџ парчиња облека за списанието „Tatler“. Во интервју за списанието, познатата телевизиска ѕвезда зборувала за тоа кои карактеристики кај мажите не би можела да ги поднесе, за врската со Кание Вест и за плановите за наредната свадба.

Ким Кардашијан

„Сè што е поврзано со лоша хигиена, како заби или нокти, или пак, големи уши“ – изјавила таа како одговор на прашањето што би ја оттурнало од даден маж.

Ким Кардашијан

Ким моментално е во врска со Кание Вест и признала дека не би можела да се замисли со друг маж. „Убаво е да имаш најдобар пријател во оваа игра, некој кој разбира сè низ што поминуваш. Олеснување е што сум со некој којшто го познавам многу години... Не можам да се замислам со друг, кој не е мојот маж“ – рекла таа.

Ким Кардашијан

Минатата година Ким го заврши својот втор брак, по само 72 дена брачен живот со Крис Хамфрис. Иако многумина се убедени дека свадбата беше направена само за стекнување поголема популарност, Ким тврди дека никогаш не би рекла „Да“ само за да се зголеми гледаноста на нејзиното реално шоу. „Тоа не сум јас. Искрено, кој би стапил во брак за рејтинзи? Рејтинзите не паѓаа, па да требаше да ги зголемуваме“ – објаснила таа.

Ким Кардашијан

Сепак, Ким не се откажува од бракот. Таа веќе знае како ќе изгледа нејзината наредна свадба. „Наредниот пат сакам да правам свадба на остров, само со моите пријатели и семејството - толку“ – раскажала славната бринета.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9635 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.