ФОТО: Доделувањето на главните награди на затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Доделувањето на главните награди на затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

ФОТО: Доделувањето на главните награди на затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

Се спуштија завесите на 40-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. На синоќешната свечена церемонија беа доделени главните награди „Камера 300“, како и наградата за животно дело.

Браќа Манаки

Краток говор на сцената одржа градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. „Видовме како 40 години умееме да танцуваме со светлината, да ги допираме ѕвездите, да им говориме на облаците и да уживаме во она што како зрак ќе го фати објективот. Така поминаа и овие фестивалски денови, во овој дух во којшто покажавме дека никогаш не можете да говорите за одумирање ако ја имате во предвид моќта на здивот на животот“ – изјави таа.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Златна камера 300“ ја доби кинематограферка Хелен Луварт за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“.

„Поради суптилното користење на боите и силните композиции кои ги откриваат емоциите на ликовите и нѐ приближуваат до приказната. Хелен Луварт маестрално ни ги покажува можностите на кинематографијата и нејзината психолошка моќ за раскажување приказни“ - велат членовите на жирито.

Наградата во име на Хелен Луварт ја прими Ерик Готје, нејзин долгогодишен пријател и колега.

Браќа Манаки Браќа Манаки

„Се разбира, јас не сум Хелен Луварт. Таа во моментов треба да е во Хрватска, се обидов да ја добијам на телефон, но и беше исклучен и сигурно снима, но многу сум среќен за неа. Таа е храбра жена, исклучителна кинематограферка која е храбра и се бори не само за жените кои се нејзини колешки, туку и за уметноста. Знам дека би била многу среќна. Не знае дека сум тука и дека ја примам наградата во нејзино име. Му благодарам на жирито, но длабоко му се заблагодарувам на мојот пријател Ед Лакман“ – рече Готје.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Кинематограферот Џинсонг Донг ја доби „Сребрената камера 300“ за филмот „Езеро на дивите гуски“ поради, како што подвлекуваат од жирито „квалитетот на фотографијата, постигнат преку светло и бои, особено во ноќните сцени. Моќна стилизација на фотографијата и кошмарниот свет на ликовите кои ја збогатуваат приказната“.

Кинематограферот на филмот „Пирани“, Даниеле Ципри, е добитник на „Бронзена камера 300“ поради устроениот натуралистички пристап, силата на кадрирање и светлото заедно со глаткото движење на камерата, а на Јоланта Дилевска, кинематографер на филмот „Ајка“ и е доделено посебно признание поради интуитивната употреба на камерата – пристап кој и визуелно и драматуршки ја изразува емоцијата на главниот лик.

„Не можев да допатувам во Битола да бидам вечерва со вас бидејќи го снимам мојот нов филм во Реџо Калабрија, но навистина многу ми е драго што ја добив оваа награда и многу сум благодарен. Како и секој филм и овој е колективен потфат и иако оваа награда ја заслужуваат повеќе луѓе, ќе си ја задржам само за себе. Се надевам дека следната година ќе можам да учествувам на фестивалот во Битола со свој сопствен филм“ – рече Ципри во своето видео-обраќање по повод добиената награда.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Мала камера 300“ ја доби кинематограферката Констанца Сандовал од Аргентина, за филмот „Чудовишен Господ“, поради поетичноста на сликата и суптилното користење на боите во приказната, а посебно признание доби Гијом Ле Гронтек за филмот „Комбето“ поради употребата на рачната камера која ги истакнува главните аспекти на приказната и употребата на боите на експресивен начин.

„Оваа награда многу ми значи, го сакам овој фестивал и во овој момент не би можела да бидам посреќна, ви благодарам“ – рече Констанца Сандовал која допатува од Аргентина во Битола за да учествува на ИФФК „Браќа Манаки“.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

На Јоргос Арванитис му беше доделена награда за животно дело „Златна камера 300“.

„Оваа вечер му се поклонивме на уште еден филмски маг во оваа 40 јубилејна година на фестивалот „Браќа Манаки“, Јоргос Арванитис. Во текот на речиси шест децении тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови низ Европа и низ Медитеранот. Во меланхоличниот свет на режисерите доловува јасност со ненадмината елеганција, со својата камера дава текстура и длабочина дури и на сенишните и лаконски ликови, а работел со Тео Ангелопулос, Жан Жак Адриен, со Динос Кацуридис, Пантелис Вулгарис, Волкер Шлендорф, Микаел Какојанис, со Жан Пјер и Лук Дарден, Марко Белокио, Ањешка Холанд, Бруно Подалидес, Горан Паскаљевиќ, Марко Ферери…“ – велат од Фестивалот.

„Голема чест ми е да бидам на овој фестивал и да бидам заедно со сите големи кинематографери. Чест ми е да присуствувам на фестивал кој ја цени сликата и кинематографијата, а особено сум почестен што сум овде, бидејќи моите корени се токму од овде, бидејќи јас сум Влав“ – рече Арванитис, кој се заблагодари уште еднаш на поканата и на укажаната чест.

Наградата на Арванитис му ја врачи директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, која се заблагодари на целиот тим на фестивалот за поддршката, љубовта и страста за филмската уметност, кој работеше сите овие денови за останатите овој фестивал да го почувствуваат за своја.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

„Јас се обидов колку што можам да бидам битолчанка, не е лесно, но еве ќе се обидеме и понатаму да го чуваме духот на Битола, на урбана Битола која го сака филмот и го сака овој фестивал. Им благодарам на сите кои го допреа овој фестивал и до Агенцијата за филм и директорот Горјан Тозија, кој со својата поддршка ни помогна да го подигнеме овој фестивал. Тие го покачија буџетот годинава и се надеваме дека и понатаму ќе го покачуваат. Секоја приказна има свој крај, но ние нема да дозволиме ова да биде крај, туку еден нов почеток во пресрет на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и се надевам дека оваа сала повторно ќе биде полна со оние кои навистина го сакаат, го обожуваат и го вреднуваат филмот. Оваа година моето мото е „Оние што прашуваат ја носат светлината“, да прашуваме за да донесеме светлина затоа што на сите нам ни е потребна“ – порача Теодосиевска.

Браќа Манаки

На свеченото затворање на фестивалот беше прикажан филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкуловски. На сцената се појавија членовите на екипата, Роберт Јанкулоски, Мето Јовановски, Моника Мотеска.

„Ова е за нас кинематограферите свето место. Овој филм е резултат на моето истражување на филмското творештво на браќата Манаки, го работевме 6 години, притоа водејќи се од максимата на Манаки „една слика за мене, една за историјата“. Сите ние кои создаваме некакви дела сме одговорни пред историјата и треба да го правиме тоа најдобро што можеме за да ја оправдаме оваа максима“ – рече Јанкулоски.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Победниците на Фестивалот оваа година ги избра жирито составено од Ед Лакман, Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ.

„Најпрво сакам да им честитам на организаторите на овој фестивал, на директорката Гена Теодосиевска и уметничкиот директор и селектор на главната програма Благој Куновски Доре на извонредниот фестивал, кој ја слави филмската уметност. Го славевме јубилејот на овој исклучително автентичен високо професионален и најстар фестивал во светот кој ја негува, ја почитува и ја вреднува креацијата на кинематограферите кои раскажуваат успешни приказни, но пред сѐ треба да имаме предвид дека филмот е визуелен медиум, а понекогаш станува и визуелна уметност кога е во рацете на вистинските мајстори, какви што имавме на овој фестивал. Благоја од една страна селекцијата на филмови ја направи многу пријатна, но од друга страна навистина тешка. Добрата страна, она што ни беше пријатно е тоа што гледавме многу добри филмови, но и со добра камера, а од друга страна тешко беше да се избере победникот. На крајот моравме да избереме“ – рече Ненад Дукиќ кој се обрати од името на жирито.

За време на изминатите фестивалски денови, на ова 40. издание се славеше јубилејот со најдобрите луѓе во филмската уметност, со Ед Лакман, Љупчо Константинов, Хозе Луис Алкаине, со Џим Шеридан, Рајнер Клаусман, Фатих Акин, со Џон Метисон, со Најџел Волтерс, Пол Рене Рестад, Ангус Хоџис, Тудор Мирчеа, Атанас Ѓоргиев, Фејми Даут, Самир Љума, Ерик Готје, Роберто Баруеко, Глеб Филатов, Франк Грибе, Стефче Хаџи-Антоноски, Бетина Хирш, Елеонора Венинова, Севдије Кастрати, Флоренс Папас, Ивар Таим, Иван Мариновиќ, Јоргос Карвелас, Арто Халонен, Јонас Пулканен, Уршка Џукиќ Кимковска, Констанса Сандовал, Катарина Вахл, Алберто Марчиори, Марина Тизон и Томас Мартин Гарсиа…

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 885 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?