ФОТО: Врвниот режисер Фатих Акин специјален гостин на „Браќа Манаки“ во Битола
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Врвниот режисер Фатих Акин специјален гостин на „Браќа Манаки“ во Битола

ФОТО: Врвниот режисер Фатих Акин специјален гостин на „Браќа Манаки“ во Битола

На голема радост на фановите, Фатих Акин е специјален гостин на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Врвниот германски режисер со турско потекло пристигна во придружба на кинематограферот Рајнер Клаусман, со кого соработува 17 години.

Фатих Акин

Денес, љубителите на филмот имаа можност да поразговараат со Акин и Клаусман.

ВИДЕО

Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин Фатих Акин

Фатих беше пречекан од директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска.

Фатих Акин Фатих Акин

„Во филмската сторија сè е важно, бидејќи и најмалиот детаљ упатува на одредени назнаки за антиципација, одредени моменти на подготвеност да се разбере приказната, да се предвиди крајот, а гледачот многу често е толку несвесно преокупиран со крајот, што, за жал го пропушта процесот на контемплација, восприемање. Ја пропушта мигновеноста на свртување на дејството, на чудесната промена на ликовите од позитивни во негативни и обратно, го пропушта она што се случува меѓу дијалозите, го пропушта филмот, а тој е токму таму, помеѓу нив, помеѓу дијалозите. Ретки се многу ретки, речиси ендемски оние режисери, филмски уметници кои, кога ќе го 'зграпчат' вашето внимание, ви го 'крадат' и срцето.“

„Точно, ретки се, но ги има, постојат. Еден од нив е германскиот enfant terrible од турско потекло, вечно насмеаниот Фатих Акин, сценарист, режисер, продуцент, актер... некои велат и извонреден DJ“ – вака директорката Теодосиевска го опишува Фатих Акин.

Фатих Акин Фатих Акин

Акин како режисер, сценарист и продуцент има освоено околу 50 награди на светски филмски фестивали. Добитник е на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал за филмот „Со глава в ѕид“ („Head on“) (2004), со кое филмско дело ја освои и наградата за најдобар филм според публиката на Европските филмски награди. Акин се закити со „Сребрена палма“ за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал за филмот „На работ на рајот“ (The Edge of Heaven) во 2007 година, како и наградата „Златен глобус“ за најдобар филм на странски јазик за филмот „Од ништо“ (In The Fade) во 2017. За истиот филм, актерката Даен Кругер ја освои наградата за најдобра актерка во Кан.

Својата соработка со извонредниот кинематографер Рајнер Клаусман, Акин ја започнува во 2002 со филмот „Solino”, по што тие стануваат водечки европски и светски тандем, а тој лично започнува една нова авторска одисеја во неговата сценаристичка и режисерска постапка, каде што во прв план е значењето на обичниот човек во градење на замисленото мултикултурно општество.

Акин во Битола се сретна и со Ед Лакман, кој оваа година ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 885 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?