Филмот ќе биде и забавен и ќе носи длабока човечка порака: На снимањето на „Денот на жената“
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Филмот ќе биде и забавен и ќе носи длабока човечка порака: На снимањето на „Денот на жената“

Филмот ќе биде и забавен и ќе носи длабока човечка порака: На снимањето на „Денот на жената“

Гоце Цветановски ќе обработува навистина тешка и деликатна тема во својот прв филм во кој се јавува како режисер. Во трилерот „Денот на жената“ фокусот е ставен на трговијата со луѓе, присилната проституција и насилството врз жените, но како што истакнува Цветановски, главната порака е длабока и човечка.

„Првите две снимачки недели ми поминаа како миг. Не можам да го опишам чувството со зборови, можеби да го споредам со некое најслатко пијанство или прва љубов. Сега конечно го сфаќам во целост изразот ‘филмска магија’, бидејќи бев и уште сум целосно маѓепсан“ – изјави Цветановски за Femina.mk.

Сега конечно го сфаќам во целост изразот ‘филмска магија’, бидејќи бев и уште сум целосно маѓепсан.
Гоце

„Екипата е крајно професионална, од актерите кои прецизно дестилираат широк дијапазон на емоции, до сите креативни и технички сектори. Мислам дека сме на добар пат да створиме филм кој истовремено ќе биде забавен за пошироката публика, а кој ќе носи во себе длабока човечка порака“ – додаде тој.

Денот на жената

Снимањето на „Денот на жената“ започна на почетокот од овој месец, а освен во Скопје, ќе биде сниман и во Куманово.

Денот на жената Денот на жената Денот на жената

Главната женска улога ја толкува талентираната Слаѓана Вујошевиќ, која се радува што е дел од толку професионaлна филмска екипа.

„Се работи многу вредно и посветено, а не ни може да се очекува друго од екипа која се состои од големи професионалци, вљубеници во филмот и луѓе кои се постојано позитивни и добро расположени! За мене, ова е еден од тие процеси во кои уживам и со нетрпение чекам снимачки ден повеќе. Сите во овој тим се одлични во својата работа и со секој од нив би сакала повторно да соработувам!“ – ни изјави Слаѓана.

Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената

Главните машки улоги им припаднаа на Муса Исуфи и Исмаил Касуми, многукратно наградувани актери од Кумановскиот театар.

Денот на жената Денот на жената

Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.

Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената Денот на жената

Директор на Фотографија е Фејми Даут, кој оваа година беше номиниран за Оскар со филмот „Медена Земја“.

Официјален постер за „Денот на жената“Официјалниот постер за „Денот на жената“

Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм. Медиумски партнери на проектот се femina.mk, fakulteti.mk, skd.mk и Слободен печат.

Фото: Марко Угарковиќ и Маја Аргакијева

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3589 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.