Катарина Ивановска уживаше во друштвото на нејзините најсакани за време на излегување во Старата скопска чаршија.
31-годишната манекенка сподели фотографии од семејниот викенд на кои позира со новородената ќеркичка Кира и мајка си Вера.
„Три генерации. Баба, мајка, ќерка. Семеен викенд“ – вака Катарина ја опиша фотографијата.


Катарина ја роди Кира на 19 септември. Таа и нејзиниот вереник Цобе имаат и 2-годишно синче кое се вика Вања.