И Кристофер Хивју влезе во групата славни личности кои се позитивни на КОВИД-19. 41-годишниот актер, кој го глумеше Тормунд во „Game of Thrones“, објави дека има коронавирус преку порака на Instagram.

Поздрав од Норвешка!
Жал ми е што ќе соопштам дека јас, денес, се тестирав за КОВИД-19 и сум позитивен. Јас и моето семејство ќе бидеме во само-изолација дома за онолку време колку што е потребно. Ние сме добро – само јас имам благи симптоми на настинка.
Има луѓе кое се во голем ризик за кои овој вирус може да има ужасна дијагноза, па ве повикувам сите да бидете екстремно внимателни, мијте ги рацете, држете се на далечина од 1,5 метри од другите, ставете се во карантин, правете сè што можете за да го спречите овој вирус од проширување. Заедно можеме да се избориме со вирусот и да ја избегнеме кризата во нашите болници. Ве молам грижете се еден за друг, одржувајте оддалеченост и останете здрави!
Ве молам следете ги препораките за заштита, не само на себеси, но и на целата наша заедница. Особено оние кои се во ризик, како постарите и лицата со претходно постоечки заболувања.