„Ти благодарам за сите заеднички денови“: Пирс Броснан со бакнеж и порака за саканата сопруга на неговиот 67. роденден
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти благодарам за сите заеднички денови“: Пирс Броснан со бакнеж и порака за саканата сопруга на неговиот 67. роденден

„Ти благодарам за сите заеднички денови“: Пирс Броснан со бакнеж и порака за саканата сопруга на неговиот 67. роденден

Пирс Броснан наполни 67 години.

Ѕвездата од „Џејмс Бонд“ славеше со својата сакана сопруга Кили Смит, а со бакнеж и порака на Instagram ѝ се заблагодари за сите заеднички денови. „Ти благодарам за Месечината и за Сонцето и за сите денови од нашиот заеднички живот мое мило срце Кили. Имав неверојатен 67. роденден“ – напиша славниот актер.

Пирс Броснан и Кили Смит

Пирс и Кили се заедно 26 години и имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд, кој никогаш не бил вмешан во скандали. Тие започнале да се состануваат три години по смртта на првата сопруга на Броснан, која почина од рак на јајниците.

Парот има два сина – Дилан и Парис.

Минатиот месец беше годишнина од нивниот брак, па по тој повод Пирс напиша: „Мој драг ангел Кили, ти благодарам што донесе толку љубов и убавина во мојот живот, правејќи ги овие 26 години најголемата радост во мојот живот... Среќна годишнина моја кафеноока девојко“.

Пирс Броснан и Кили Смит Пирс Броснан и Кили Смит Пирс Броснан и Кили Смит Пирс Броснан и Кили Смит

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3285 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“