Тејлор Свифт откри дека на мајка ѝ ѝ е откриен тумор на мозокот додека се лекува од рак на дојка
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Свифт откри дека на мајка ѝ ѝ е откриен тумор на мозокот додека се лекува од рак на дојка

Тејлор Свифт откри дека на мајка ѝ ѝ е откриен тумор на мозокот додека се лекува од рак на дојка

Тејлор Свифт сподели дека нејзиното семејство поминува низ тежок период. Популарната пејачка, во интервју за Variety, откри дека нејзината мајка е исправена пред многу сериозен здравствен предизвик.

Имено, додека Андреа Свифт по вторпат се лекувала од рак на дојка, докторите откриле и тумор на мозокот.

Тејлор Свифт

„Додека се лекуваше, открија тумор на мозокот. Симптомите на личност која се соочува со тумор на мозокот не се споредуваат со ништо што сме виделе од ракот претходно. Па, многу е тежок период за нас како семејство“ – изјави Свифт.

„Секој си ја сака својата мајка, секоја има важна мајка. Но, за мене, таа навистина е водечката сила. Речиси за секоја одлука која ја носам, прво разговарам со неа“ – вели таа.

Тејлор Свифт

Здравствената состојба на мајка ѝ е причината што Тејлор одлучи да не оди на голема турнеја за новиот албум „Lover“.

Во моментов, таа го промовира документарниот филм за нејзиниот живот „Taylor Swift: Miss Americana“.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19954 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?