Тери Хачер покажува дека годините за неа се само бројка.
60-годишната ѕвезда од хит-серијата „Очајни домаќинки“ мамеше воздишки на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
За премиерата на „The History of Sound“, атрактивната актерка избра зелена креација со шлиц и длабоко деколте од ателјето на Ели Сааб и освои само комплименти.







Тери ја имаше улогата на Сузан Маер во популарната серија, која ѝ донесе голема слава.


