Славно семејство: Кети Пери и Орландо Блум со 6-месечната ќеркичка на плажа на Хаваи
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Славно семејство: Кети Пери и Орландо Блум со 6-месечната ќеркичка на плажа на Хаваи

Славно семејство: Кети Пери и Орландо Блум со 6-месечната ќеркичка на плажа на Хаваи

Кети Пери и Орландо Блум уживаат во топлото време на Хаваи заедно со нивното бебенце.

36-годишната пејачка и 44-годишниот актер беа фотографирани на плажа со 6-месечната ќерка Дејзи. Славната музичарка носеше едноделен костим за капење од Eres.

Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум

Минатиот месец, Кети зборуваше за периодот по нејзиното породување. „Она за коешто никој не зборува се првите шест недели по породувањето. Боже, тоа е лудо! Каков ролеркостер!“ – рекла таа, а потоа зборувала за излегувањето на нејзиниот албум непосредно по породувањето.

„Излезе мојот петти албум... Знаете за секој друг албум имаше некаква прослава или забава или вечера... Овој пат, го раѓав најголемиот дар од сите за мене. Следниот ден излезе мојот албум, а јас бев на болница и не можев да си го избришам задникот. Си помислив, ова е најневообичаеното објавување на албум за мене.“

„Започнав со снимање на четвртата сезона на American Idol пет месеци по породувањето. Не ми беше таков планот. Само помислував колку е напнато тоа. Да се породиш и да се вратиш на работа и да доиш... Си реков: ‘Ова е тоа што го прават жените? О Боже!’“ – додала Пери.

Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум Кети Пери и Орландо Блум

Кети и Орландо започнаа да се состануваат во јануари 2016 година, но се разделија во февруари 2017 година. Тие ја обновија врската една година подоцна, а ја добија ќеркичката Дејзи во август минатата година.

Кети Пери и Орландо Блум

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6786 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.