Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Си личат ли? Жизел Бундшен со сестрата близначка на гала

Си личат ли? Жизел Бундшен со сестрата близначка на гала

Интересен факт за супермоделот Жизел Бундшен е што има пет сестри од кое една ѝ е близначка, но ретко се појавуваат заедно на свечености.

Токму затоа фановите беа изненадени што славната убавица позираше со својата сестра-близначка Патриција на првата гала организирана од неа во Мајами. На добротворниот настан за собирање средства за Бразилската фондација со цел пошумување на нејзината татковина, Жизел помогна да се соберат милион долари.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен

За да ги обезбеди паричните средства, таа го продаде белиот фустан од Стела Мекартни кој го носеше на настанот, како и сандалите од Џими Чу.

„Порано се прашував како можам да променам нешто? Јас сум само една личност во овој огромен свет и има многу нешта кои треба да се направат. Потоа разбрав дека здружувањето на силите е од суштинско значење и дека преку посветеност и соработка сè е возможно“ – напиша Жизел.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Во интервју по настанот, таа зборуваше за важноста на семејството и за специјалната врска која ја има со сестрата близначка.

„Ова беше мојата прва гала и не би можела да ја направам без мојата сестра Пети која вредно работеше со Бразилската фондација за да ја организира оваа специјална вечер. Беше многу специјално што беше тука вечерва. Таа работеше напорно за да го организира настанов, како што прави секој ден“.

„Многу сме блиски. Како што знаете, ние сме близначки. Знам дека ми го чува грбот, а јас ѝ го чувам нејзе. Си веруваме една со друга и секогаш меѓусебно си го посакуваме најдоброто. Тоа е бесценето.“

„Моето семејство ми е сè и моите сестри ми се најдобри пријателки, иако понекогаш не се согласуваме. Семејството ни ја дава нашата основа, нашите најмили се наши најголеми учители и ни помагаат да станеме она што сме“ – рече Жизел.

Неодамна Жизел сподели стари фотографии со Патриција за да ѝ го честита роденденот.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 13333 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.