„Силата на жената е многу голема“: Бремената Сиара во прекрасна фотосесија со двете деца за „Вог“
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Силата на жената е многу голема“: Бремената Сиара во прекрасна фотосесија со двете деца за „Вог“

„Силата на жената е многу голема“: Бремената Сиара во прекрасна фотосесија со двете деца за „Вог“

Сиара сними слатка фотосесија со двете деца за британскиот „Вог“.

34-годишната пејачка, која го очекува своето трето дете, го разголи трудничкото стомаче пред фотоапаратот на својот сопруг Расел Вилсон. Славната музичарка позираше во долна облека, бикини и удобни модни парчиња за фотографиите направени во нивниот семеен дом во Калифорнија.

Сиара Сиара Сиара

Во интервју за списанието, таа зборуваше за предизвиците на новото време, за бременоста, за љубовта и за медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи. Таа одлучи да не споделува со светот кога треба да се породи.

„Не сакам да го споделувам тоа. Само се молам да стигнам до онаа магична граница во 38-мата недела“ – вели таа. „Знам дека не постои нешто што не можам да го надминам. Имав многу тешки денови, но тие отсекогаш ме подготвуваа за она што доаѓа“ – додава таа.

„Живеам во тренерките на мојот сопруг. Одраснав најголем дел од моите алишта, па започнав да го посетувам плакарот на Рас секој ден. Фала му на Бога што ги има тие XL алишта“ – открива Сиара.

Сиара

Таа вели дека добива огромна љубов од Расел и дека тоа ѝ е многу важно. „Машкото присуство е многу важно и за момчињата и за девојчињата. Твојот син има можност да види како неговиот татко се однесува кон една жена, а твојата ќерка има можност да види како си сакана“ – вели Сиара.

За време на пандемијата, предизвик во кој здравствени работници танцуваа на песната на Сиара „Level Up“ стана хит на социјалните мрежи. За него, таа вели: „О Боже, додека ги гледав, чувствував многу радост. Под влијание сум на хормоните, па постојано плачам. Отсекогаш сум сакала таа да биде песна која расположува, па преубаво беше да ги гледам докторите и сестрите како имаат момент на радост сред бура“.

На сите трудници, Сиара им порачува: „Издржете. Бог никогаш не ви дава повеќе отколку што можете да поднесете. Ако постои едно нешто што го знам со сигурност, тоа е дека силата на жената е многу голема“.

Сиара

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6372 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.