„Сè ми доаѓа дека од некаде ќе се појавиш“: Коки со емотивно писмо до Дуле 7 години по неговата смрт
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сè ми доаѓа дека од некаде ќе се појавиш“: Коки со емотивно писмо до Дуле 7 години по неговата смрт

„Сè ми доаѓа дека од некаде ќе се појавиш“: Коки со емотивно писмо до Дуле 7 години по неговата смрт

Поминаа седум години од смртта на Душан Љубисављевиќ, познат како Дуле од дуото „Дуле и Коки“.

Токму на годишнината откако почина македонскиот музичар, неговиот соработник и пријател Никола Јанков-Коки му напиша емотивно писмо, кое го објави на својот профил на Facebook.

Дуле и Коки

Прочитајте го:

Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте у главата и викам да ти напишам уште едно писмо... Ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.

Брат, не знам дали да се смеам, дали да плачам. Знаеш, сè ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто кога свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Можеби па, сега дури сфаќам дека стварно те нема, а...?

Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката. Ја темпирам „колку треба да се плати“ ќе стиснам заби, им ја пеам, и они пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, гледам они плачат...

На овој ден знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли... не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно и Сале е со нас. Ти стално, кога ќе спомнев Господ, велеше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сега дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели, добро е таму.

Овде е зезнато малку, можеби малку повеќе. Има некој вирус и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некои ќе го фатат и ништо не им е, појма немам, ваљда си чул.

Макфест првпат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не во домот на културата, заради тој вирусот, 35 години јубилеј.

Таму пак нè заборавија и двајцата, али нема везе.

Со Марија, сестра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги паметам имињата, едното од брат ти се вика Душан, знам, по тебе.

Да знаеш дека не престанувам со музиката, а ми има дојдено многупати да баталам, ама има песни бе брат што треба да се пеат и да се свират. Помладите појма немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, гледаш.

Не знам што друго да ти кажам.

Знаеш што, нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време.

Se vrakam od svirka, od Strumica brat, pa mi se svrte u glavata, i vikam da ti napisam uste edno pismo..ama ova ke bide...

Posted by Koki Jankov on Thursday, September 24, 2020

Потсетете се на хитовите на Дуле и Коки:

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9808 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.