Селена Гомез со важна порака да си го сакаме телото: „Реалните стомаци се враќаат во мода“
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селена Гомез со важна порака да си го сакаме телото: „Реалните стомаци се враќаат во мода“

Селена Гомез со важна порака да си го сакаме телото: „Реалните стомаци се враќаат во мода“

Селена Гомез во последно време гласно, искрено и отворено зборува за одржувањето на позитивен став кон телото, без разлика на бројката која ја покажува вагата.

Во последната TikTok објава, популарната актерка и пејачка уште еднаш ја потенцира важноста на тоа да негуваме љубов кон сопственото тело. Во видеото, таа го става во фокус нејзиниот стомак, потенцира дека не го вовлекува навнатре за да изгледа послабо и порачува: „Реалните стомаци се враќаат во мода“.

Фановите со лавина позитивни коментари реагираат на нејзината порака, нарекувајќи ја кралица. „Не знаеш колку многу ова ни помага нам, на младите жени. Фала ти“, „Ти ми си голема мотивација“, „Го обожавам твојот позитивен став“... ова се само мал дел од коментарите на постот.

@selenagomez

Vaca self

♬ original sound - unwinewithtashak
Селена Гомез

Како што е случај и со многу други жени од шоу-бизнисот, тежината на Гомез е редовно коментирана. Минатата година, таа за „Вог“ сподели дека нејзината фигура видливо варира поради тоа што страда од лупус.

„Тоа се должи на лековите кои ќе треба да ги земам до крајот на мојот живот. Тежината варира од месец за месец. Забележав дека луѓето почнаа да ме напаѓаат за бројот на килограмите. Но, всушност, тоа е мојата вистина, мојата тежина флуктуира во зависност од тоа што се случува во мојот живот“ – посочи тогаш оваа црнокоса убавица.

Претходно оваа година, ѕвездата од серијата „The Only Murders in the Building“ објави видео во кое се честеше со брза храна и јасно потенцираше дека не се грижи што велат оние кои со коментари ја напаѓаат. Таа потсети дека секогаш ќе се најде некој што ќе каже дека е крупна, друг што мисли дека е ситна, трет што ќе напише дека одредена облека не ѝ стои добро. И покрај сето тоа, Селена е категорична дека е совршена токму таква каква што е.

Селена деновиве е на одмор во Италија, каде се дружи со група пријатели и продуцентот Андреа Иерволино.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез

Анкета

Анкета
Колку често купувате онлајн?
  • 36%
  • 30%
  • 18%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 5799 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.