„Светот изгуби херој“: Алиша Кис со емотивен говор и настап во чест на Коби Брајант на Греми
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Светот изгуби херој“: Алиша Кис со емотивен говор и настап во чест на Коби Брајант на Греми

„Светот изгуби херој“: Алиша Кис со емотивен говор и настап во чест на Коби Брајант на Греми

Светот никако не може да се помири со веста за смртта на Коби Брајант. На синоќешните Греми награди, бројни ѕвезди му оддадоа почит на легендарниот кошаркар кој трагично загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка.

Алиша Кис му оддаде почит на Коби во својот говор при отворањето на музичката церемонија.

Греми 2020

„Еве сме тука, на најголемата музичка ноќ, славејќи ги најдобрите артисти. Но, да бидам искрена со вас, сите ние чувствуваме голема тага во моментов, бидејќи денес Лос Анџелес, Америка и целиот свет изгуби херој. И ние буквално стоиме тука, со скршени срца, во куќата која Коби Брајант ја изгради.“

„Сега, Коби и неговата ќерка Џиана, и сите оние кои трагично загинаа, се во нашите души и срца, во нашите молитви и во оваа зграда.“

„Никогаш, ни за милиони години, не замислувавме дека ќе го започнеме шоуто на ваков начин. Никогаш, никогаш, никогаш, никогаш. Па сакавме да направиме нешто кое барем малку ќе опише како се чувствуваме во моментов“ – вели Алиша во својот говор.

Потоа, нејзе на сцената ѝ се придружија Boyz II Men и испеаја а капела верзија на песната „It's So Hard to Say Goodbye to Yesterday“.

ВИДЕО:

Пред изведбата на својата верзија на „Someone You Loved“, Алиша повторно зборуваше за Коби.

„Нè гледаш? Нè гледаш? Ние сме незапирливи. Ние ќе бидеме тоа што сакаме да бидеме, ќе бидеме различни, ќе бидеме уникатни, ќе бидеме сè. Во овој момент. Па, со нетрпение очекувам да биде тука заедно со сите нас, повторно. Славејќи ја музиката, затоа што знам колку многу Коби ја сакаше музиката. Знам колку ја сакаше музиката. Затоа, оваа прослава треба да ја направиме во негова чест. Знаете? Тој би сакал да ги задржиме вибрациите високо. Музиката е еден јазик кој сте можеме да го зборуваме, без разлика од каде сме. Сите го разбираме“ – рече Кис.

ВИДЕО:

Греми 2020 Греми 2020 Греми 2020 Греми 2020 Греми 2020

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19954 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?