Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Природна и без шминка: Памела Андерсон во светол стајлинг на црвениот тепих во Лондон

Природна и без шминка: Памела Андерсон во светол стајлинг на црвениот тепих во Лондон

Памела Андерсон продолжува да ги предизвикува стандардите за убавина и да се залага за истакнување на природната убавина, тврдејќи дека е посреќна отсекогаш.

56-годишната актерка сосема природна и без шминка се појави на доделувањето на британските модни награди во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон. Таа не клонеше кон гламурозен стајлинг и на црвениот тепих зачекори во едноставна модна комбинација од Стела Мекартни.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Андерсон вели дека се чувствува ослободено поради тоа што не чувствува притисок да седи на столчето за шминкање три часа.

„Кога отидов на Париската модна недела, одлучив да не ставам шминка... Се чувствував толку слободно. Немав намера да оставам впечаток и не знаев дали некој ќе забележи. Не седам на столот за шминкање три часа. Се погледнав во огледалото и реков: ‘Имаш речиси 60 години, ова е доволно добро, едноставно уживај во Париз и не ја играј играта’“ – рекла Памела.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Андерсон во 90-тите години важеше за секс симбол.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25380 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.