По два спонтани абортуси, Хиларија и Алек Болдвин го очекуваат петтото дете
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По два спонтани абортуси, Хиларија и Алек Болдвин го очекуваат петтото дете

По два спонтани абортуси, Хиларија и Алек Болдвин го очекуваат петтото дете

Обидувајќи се да го прошират семејството со петто дете, Хиларија и Алек Болдвин минатат година беа принудени да пребродат два спонтани абортуса.

Сега, четири месеци по вториот абортус, 36-годишната јога инструкторка објави дека е повторно бремена. Таа сподели видео на кое се слуша биењето на срцето на нероденото бебе и напиша: „Пуштете го звукот. Ќе оставам бебето да зборува, бидејќи јас немам зборови за да искажам како се чувствуваме кога го слушаме овој звук. Само што ја добив прекрасната вест дека сè се одвива добро и дека ова малечко е сосема здраво. Сакав да го споделам ова со вас. Еве нè повторно“.

Хиларија ги сподели лошите вести за спонтаните абортуси на социјалните мрежи за да ја подигне свеста кај луѓето и да ги охрабри жените гласно да зборуваат на оваа тема за да не страдаат тивко.

„Секојпат сум била отворена со вас за моето семејство, фитнесот, бременостите... и не сакам да го кријам ова од вас само затоа што не е позитивно и сјајно како останатото.“

„Сметам дека е важно да се покаже вистината... бидејќи ми е работа да им помагам на луѓето да бидат отворени и реални. Не чувствувам срам и не сум засрамена од ова искуство. Сакам да бидам дел од обидите да се нормализира спонтаниот абортус и да се тргне стигмата од него. Има премногу таинственост во првиот триместар. За некои ова функционира, но мене ме исцрпува. Ми се гади, уморна сум, телото ми се менува, а јас морам да се преправам дека сè е во ред кога реално не е. Не сакам да се преправам повеќе. Се надевам дека разбирате“ – напиша таа.

Хиларија и Алек започнаа да се состануваат во август 2011 година, а во јуни 2012 стапија во брак. Тие се родители на 6-годишната Кармен, 4-годишниот Рафаел, 3-годишниот Леонардо и едногодишниот Ромео.

Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6553 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“