• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина сопругот на Селин Дион по долга битка со рак

14 јануари 2016, 23:20
  • cподели

Рене Анжелил, сопругот на Селин Дион, почина по долгогодишна битка со рак на грлото. Веста за смртта на верниот партнер и менаџер на Дион беше потврдена преку соопштение за медиумите.

На 73-годишниот Рене му беше дијагностициран рак на грлото во 1998 година. Минатата година неговата здравствена состојба се влоши и Селин направи пауза во кариерата за да може да се грижи за него. Пред неколку месеци популарната пејачка сподели дека на Рене не му преостануваат многу месеци живот.

Селин и Рене

„Му велам: Се плашиш ли? Разбирам, зборувај со мене за тоа... А, Рене ми вели: Сакам да умрам во твоите раце. Во ред, добро, ќе бидам таму, ќе умреш во моите раце“ – раскажа неодамна 47-годишната пејачка.

Рене и Селин се запознаа во 1980 година, кога таа имаше 12 години, а стапија во брак во 1994 година. Парот има три деца – 15-годишниот Рене-Чарлс и 5-годишните близнаци Нелсон и Еди.

Селин и Рене Селин и Рене Селин и Рене Селин и Рене Селин и Рене
Tags
Селин Дион

Најнови

  • Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија четвртото дете и ја споделија првата фотографија од бебенцето

    Tue, 12/23/2025 - 10:04
  • Доктор Чадиковски: „40 деца со Даунов синдром досега се оперирани кај нас... Овие деца не се ‘различни’, тие се подарок“

    Tue, 12/23/2025 - 09:42
  • Новогодишна магија на Детската клиника: Дедо Мраз и омилените детски ликови донесоа радост кај малите пациенти во Скопје

    Tue, 12/23/2025 - 08:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.