• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина Митко Апостоловски, актерот со единствен стас и глас

5 август 2022, 15:00
  • cподели

Ѕвездата на Митко Апостоловски згасна на Земјата.

Македонскиот актер со неповторлива појава почина на 67-годишна возраст. Тажната вест ја објави Народниот театар Битола.

Митко Апостоловски

„Денеска нè напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот, почитуван колега!“ – пишуваат од битолскиот театар.

Апостоловски е роден во Градот на конзулите, а дипломира на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работеше во Народниот театар во Битола во периодот 1973-1974, потоа во Народниот театар во Куманово (1980- 1995), пред повторно да се врати во битолскиот театар.

Неговиот талент блескаше во филмови како „Трето полувреме“, „До балчак“, „Проколнати“, „Заборавени“, „Последниот Македонец“ и „Сведокот“, сериите „Народни Приказни“, „Белото циганче“, „Во светот на бајките“, „Обични луѓе“ и „Тврдокорни“, како и бројни театарски претстави.

Митко Апостоловски Митко Апостоловски

Колегите со огромна тага се збогуваат со него. Петар Горко објави: „Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот.“

Tags
Митко Апостоловски

Најнови

  • „Ми рече ‘Те сакам’“: Градоначалникот Дарко Костовски сподели топол момент со колега со Даунов синдром

    Thu, 12/18/2025 - 11:36
  • „9 месеци без тебе, ангелче наше“: Таткото на тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, скршен од болка 9 месеци по неговата смрт

    Thu, 12/18/2025 - 10:18
  • Вереницата на Кристијано Роналдо за огромниот прстен од 3 милиони: „Тоа е најмалку што можеше да направи за мене“

    Thu, 12/18/2025 - 09:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.