Почина Драган Вучиќ поради компликации од коронавирусот
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Драган Вучиќ поради компликации од коронавирусот

Почина Драган Вучиќ поради компликации од коронавирусот

Драган Вучиќ ја изгуби борбата со коронавирусот. Според првичните информации, македонскиот пејач и водител починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Имаше 65 години.

Неговиот син Мартин ја потврди информацијата за неколку македонски медиуми.

Драган Вучиќ

Вучиќ е автор на многу песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше композитор и на евровизиската песна „Make My Day“ на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005 година.

Беше водител на повеќе забавни емисии како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и „Гурмански приказни“.

Драган и сопругата Весна беа заедно повеќе од четири децении.

Драган Вучиќ

Потсетете се на неколку негови песни и изведби:

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6267 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.