Последен поздрав: Колегите со солзи, песна и емотивни пораки се збогуваа со Ванчо Петрушевски
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Последен поздрав: Колегите со солзи, песна и емотивни пораки се збогуваа со Ванчо Петрушевски

Последен поздрав: Колегите со солзи, песна и емотивни пораки се збогуваа со Ванчо Петрушевски

Пред два дена, јавноста ја потресе веста за трагичната смрт на еден од омилените македонски актери – Ванчо Петрушевски.

Ванчо Петрушевски

Доајенот на Драмски театар, кој ќе остане запаметен по улогите во „Македонските народни приказни“, „Солунски патрдии“, „Женски оркестар“, „Опстанок“ и многу други, издиша за последен на 67-годишна возраст во својата викендичка во скопското село Орешани. Официјално беше објавено дека причината за смртта е струен удар.

Игор Џамбазов со песна се збогува со својот колега.

„Тоа што денес мене најмногу ме погоди е што знам дека повеќе од половина од својот живот сум го провел заедно со Ванчо, или во театар, или на телевизија, или на филм. Оваа следна песна му ја посветувам нему“ – рече тој пред да ја испее „Ако умрам ил загинам“.

Вчера, во просториите на Драмскиот театар, се одржа комеморација во негова чест.

Актерот Гоце Тодоровски излезе на сцената и низ солзи зборуваше за својот пријател: „57 години бевме заедно... Во природно зелениот предел на Орешани, покрај реката Вардар, недалеку од метрополата се наоѓа неговата викендичка... која без него нема да биде повеќе тоа што е... Јас повеќе сигурно нема да појдам таму“ – рече Тодоровски.

„Извонреден пријател и човек. Му благодарам на Бога и на животот што ме споија со него, што можев да играм, што можам да се сеќавам на него.. Кога и јас ќе отидам горе, ќе си направиме ново ‘Театарче лево ќоше”’, рече актерот Благоја Чоревски.

Голем дел од колегите на Петрушевски на социјалните мрежи напишаа емотивни пораки за збогум:

Актерот Рубенс Муратовски напиша: „Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек....нека Ти е лесен патот кон светлината Ванчо....“

Ванчо Петрушевски

Сашко Коцев сподели фотографија со Ванчо и напиша: „Бате Ване“, проследено со тажен емотикон.

Ванчо Петрушевски

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски на својот профил напиша: „Почивај во мир пријателе, глумчиште Иван Петрушевски. Чувај се и чувај нè!“

Ванчо Петрушевски

Актерот Васил Зафирчев му се заблагодари на Ванчо за сите негови улоги: Во спомен на Ванчо Петрушевски. Голем актер, редок човек и посветен колега и пријател. Благодарност за сите негови улоги со кои пораснавме, но и за сите претстави што заедно ги споделивме на сцената. Ќе недостасуваат неговата искрена насмевка, ведар дух, неверојатен хумор и вечен оптимизам! Нека му е светол патот кон вечноста и нека му се вечни славата и сеќавањето кај многу идни генерации Македонци!“ – напиша тој.

И актерката Јелена Жугиќ се збогува со својот голега на Facebook: „Нека ти е лесна земјата и вечно името драг колега Ванчо, со голема радост ќе се сеќавам на секоја наша претстава и дружба. Почивај во мир голем човеку“ – напиша таа.

Ванчо Петрушевски

Актерот Ердоган Максут напиша: „Почивај во мир, бате Ване! Големите актери како тебе секогаш ќе останат во нашите сеќавања нашите срца, а таму горе повторно ќе се дружиш со величините на нашето глумиште и твоите другари, колеги Џемаил Максут, (црна арапина) Ѓорги Колозов и другите...“

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6286 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.