Победниците на Греми 2019: Дознајте во чии раце завршија главните награди
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Победниците на Греми 2019: Дознајте во чии раце завршија главните награди

Победниците на Греми 2019: Дознајте во чии раце завршија главните награди

Синоќа, музичкиот свет се обедини во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес за да ја проследи манифестацијата Греми 2019. На престижниот музички настан беа наградувани најдобрите во музичката индустрија за годината која измина.

61-вото издание на Греми го водеше Алиша Кис.

Доналд Гловер, кој на музичката сцена настапува под името Чајлдиш Гамбино, беше голем победник на вечерта. Во негови раце завршија четири награди, меѓу кои и посакуваните – Запис на годината и Песна на годината за „This Is America“,

Чајлдиш Гамбино

Лејди Гага ја напушти манифестацијата со три златни грамофони и со доминација во категориите посветени на поп музиката. Ѕвездата од филмот „A Star Is Born“ и нејзиниот колега Бредли Купер победија во категориите Најдобра поп изведба на дуо или група и Најдобра песна напишана за филм за „Shallow“. Лејди Гага победи и во категоријата Најдобра соло изведбаза „ Joanne (Where Do You Think You’re Goin’?)“.

Лејди Гага Лејди Гага

На Кејси Масгрејвс ѝ беше доделена статуетка за Најдобар албум за „Golden Hour“. 30-годишната музичарка доминираше и во сегментот посветен на кантри музиката, освојувајќи награди за Најдобра соло кантри изведба и Најдобар кантри албум.

Кејси Масгрејвс Кејси Масгрејвс

Дуа Липа го присвои златниот грамофон во категоријата Најдобар нов артист, а нејзината песна „Electricity“ со Silk City беше прогласена за Најдобар денс запис.

Дуа Липа Дуа Липа

Карди Би се запиша во историјата како првата жена која добила Греми во категоријата Најдобар рап албум. Таа чест ѝ припадна благодарение на албумот „Invasion Of Privacy“.

Карди Би Карди Би

Целосната листа на номинирани и добитници на Греми можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4767 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?