Плацентата ми е многу слаба: Криси Тиген сподели дека поради крварење во бременоста заврши во болница
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Плацентата ми е многу слаба: Криси Тиген сподели дека поради крварење во бременоста заврши во болница

Плацентата ми е многу слаба: Криси Тиген сподели дека поради крварење во бременоста заврши во болница

Криси Тиген е хоспитализирана поради високоризична бременост и крварење. 34-годишниот модел сподели дека е во болница во Лос Анџелес откако крварењето кое траело неколку недели се влошило.

Криси Тиген

„Сите знаеме дека неколку недели мирував во кревет. И тоа супер сериозно мирување во кревет, станував накратко да мокрам и тоа беше тоа. Двапати неделно се бањав во када, без туширање... Цело време крварев. Сум до половина од бременоста и крварењето се случува околу месец дена. Нешто помалку од еден месец. Девојки, зборуваме за крварење кое е пообилно од менструално крварење. Многу луѓе минимално крварат и најчесто тоа е во ред. Кај мене беше многу.“

Криси Тиген Криси Тиген

„Секој пат кога ќе одев во бањата, имаше крв, но искрено, и кога лежев имаше крв. Но денес, големата разлика беше што крварењето беше како да пуштиш чешма да тече малку и да ја оставиш така. Чудно е затоа што се чувствувам добро. Вообичаено сум најсреќна кога сум бремена, што се однесува до расположението. Се чувствувам посреќна одошто кога не сум бремена. Затоа ми е толку тешко да се помирам со ситуацијата“ – сподели таа.

Криси ги замоли и фановите да не се обидуваат да ја дијагностицираат и советувањето да му го препуштат на нејзиниот тим.

„Морате да ми верувате дека имам многу добри доктори, кои знаат што прават. Се случуваат многу повеќе нешта отколку што можете да замислите. Споделувам многу, но не апсолутно сè“ – порачува Тиген.

„Со наједноставни термини, може да се рече дека мојата плацента е навистина, навистина слаба. Јас се чувствувам добро. Бебето е здраво, расте посилно од Луна или Мајлс. Многу мрда. Започна да мрда многу порано од нив... тој е многу поразличен. Тој е силен. Возбудена сум за него затоа што е прекрасен, најсилното мало момче. Но, тој е најсилното, најкул момче во најлошата куќа. Неговата куќа се распаѓа. Куќата немаше добра основа уште од почеток“ – појаснува таа.

Криси е бремена со третото дете. Таа и Џон Леџенд се родители и на 4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс кои се зачнати со ин витро. Пред да имаат деца, тие 9 години неуспешно се обидувале да добијат принова.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9808 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.