Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана по неколкумесечна врска
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана по неколкумесечна врска

Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана по неколкумесечна врска

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе запливаат во родителските води.

Идната мајка ја потврдила среќната вест за „Jutarnji list“: „Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“.

Хрватските медиуми откриваат дека Хана е во 12-та недела од бременоста и дека ќе се породи налето.

45-годишниот пејач и 31-годишната музичарка и артистка се едни од најпопуларните парови на хрватската сцена во моментов и привлекуваат огромен интерес иако се заедно само неколку месеци.

Нивното долгогодишно познанство премина во романса кратко време откако Петар ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2022 година?
  • 6%
  • 13%
  • 56%
  • 5%
  • 2%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 2447 гласа)

Цитат

Ако гледате што имате во животот, секогаш ќе имате повеќе. Ако гледате што немате во животот, никогаш нема да имате доволно.

Опра

Виц

На интервју за работа во државно...

Директорот: Госпоѓице, зошто би сакале да работите токму во ова претпријатие?

Кандидатката: Татоооо, те молам доста со глупави прашања.