Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Парис Хилтон потврди: „Повторно сум сингл“

Парис Хилтон потврди: „Повторно сум сингл“

Работите во животот на Парис Хилтон брзо се менуваат. Само пред една недела таа возбудено тврдеше дека е навистина среќна во врската со Сај Вајтс. „Ние навистина сме среќни“ – изјави неодамна популарната русокоса.

Но, синоќа, во шоуто Lopez Tonight, 30-годишната старлета јавно потврди дека повторно е сингл. „Не сме повеќе заедно. Го сакам и ние ќе останеме навистина добри пријатели... Чувствувам дека врската стигна до својот крај и ќе видиме што ќе се случи“ – рекла таа.

Парис и Сај за нејзиниот 30-ти роденденПарис и Сај за нејзиниот 30-ти роденден

Неколку дена се шпекулираше за разделбата на Парис и Сај, пред нејзиниот претставник да ги потврди гласините. „Можам да потврдам дека Парис Хилтон и Сај Вајтс ја прекинаа својата врска. Тоа беше заедничка одлука“ – изјавил Дон Милер за People.

Парис и Сај излегуваат од почетокот на 2010г., но во последно време нивната врска го изгуби интензитетот. Некои од нивните расправии се одиграа и пред очите на јавноста во новото реално шоу „The World According To Paris“.

Оние кои од поблиску ја следеа врската на Парис веруваа дека можеби Сај е човекот со кого таа ќе застане пред олтарот, но шансите тоа да се случи сега се минимални.

Коментари (2)

20:07, 22 јуни 2011г. #
Големо чудо, била сингл :))))
00:06, 23 јуни 2011г. #
haha bila singal ,mnogu e gruba

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9921 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter