Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ стана татко и сподели фотографија од бебенцето

„Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ стана татко и сподели фотографија од бебенцето

Бенхамин Рохас и неговата девојка Мартина Санчез Акоста станаа родители.

33-годишниот актер, кој кај нас е познат по улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, ја објави среќната вест на Instagram заедно со фотографија со новородената ќеркичка.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа... Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот.

Мајката Мартина се породи со царски рез, а бебенцето тежело 2 килограми.

На средината на декември, Бенхамин сподели фотографија од неговата бремена девојка и напиша: „Се сеќавам кога првпат те видов во Телефе. Си реков: ‘Колку убава девојка, би сакал да ѝ бидам момче’. Тоа ми беше најтешкиот кастинг во животот. Но, успеав. Јеее“.

Аргентинскиот актер и продуцентката се во врска 7 години, а се запознале во телевизиската куќа Телефе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.