И официјално е потврдено дека серијата „Очајни домаќинки“ ќе добие катанец.
За жал на милиони жени (и мажи), на 25 септември ќе започне одбројувањето до крајот на оваа позната драматична серија. Во мај 2012 ќе биде прикажана последната епизода од осмата сезона и со неа ќе завршат авантурите на жителите на Вистерија Лејн.
„Тоа е иконско шоу и ние сме многу горди со него“ – изјавил Пол Ли, претседателот на ABC Entertainment Group.
Креаторот на „Очајни домаќинки“, Марк Шери, изјавил дека има идеја во последната епизода да им искаже еден вид почит на сите што учествувале во популарната серија.
Заедно со веста за завршувањето на серијата, пристигна и првото промотивно видео за новата сезона. Видеото е спој од некои од најважните моменти во животот на главните ликови – Бри, Линет, Сузан и Габи.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (23)
Sepak bi bilo podobro da ima uste 1 sezona
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.