Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оливија Њутн-Џон позитивна и полна со ведрина додека по третпат се бори со рак

Оливија Њутн-Џон позитивна и полна со ведрина додека по третпат се бори со рак

Оливија Њутн-Џон со позитивна енергија и оптимизам се бори со ракот во напреден стадиум.

70-годишната ѕвезда од „Брилијантин“ присуствуваше на The Industry Dance Awards & Cancer Benefit Show, каде ја прими Наградата за животно дело, а фановите со задоволство коментираат за нејзината широка насмевка.

Оливија Њутн-Џон

„Сакам сите да знаат дека сум тука, ми оди одлично. Беше тешка година, затоа што си ја скршив крсната коска и повторно морав да учам да одам и сето тоа. Но, силна сум, се вратив и се чувствувам добро и ја обожавам секоја минута“ - рече таа.

„Позитивна сум за мојот живот и моето патување и се надевам дека тоа ќе поттикне и други луѓе да бидат позитивни за нивните“ - додаде славната пејачка и актерка.

Оливија Њутн-Џон Оливија Њутн-Џон Оливија Њутн-Џон Оливија Њутн-Џон

Оливија првпат се соочи со рак на дојка во 1992 година. „Го открив ракот на дојка кај себе за време на самопреглед и раното откривање ми го спаси животот. Жените треба да се самопрегледуваат секој месец за да се запознаат со своето тело и да забележат ако има промени“ - порача таа пред три години.

Во 2013 година, таа дозна дека ракот се проширил во нејзиното рамо, а во 2017 година ѝ беше пронајден канцер во крсната коска.

Оливија Њутн-Џон

Пред неколку дена, Оливија истакна дека нејзиниот сопруг Џон Истерлинг многу ѝ помогнал во здравствената битка, не само со емотивна поддршка, туку и со создавање на масло од канабис. Џон десет години проучувал растенија во Амазонија, а знаењето го искористил да ѝ помогне на својата сакана. „Тоа е чудотворно за мене, за болка, за спиење, за анксиозност. Си ја скршив крсната коска и завршив во болница во Австралија и бев на големи дози морфиум за болката. Кога започнав да го примам, знаев дека не сакам да го земам, затоа што брзо создава зависност. Во исто време земав канабис и постепено успеав да се откажам од морфиумот поради канабисот“ - сподели таа.

Оливија Њутн-Џон

Оливија е најпозната по улогата на Сенди во култниот филм „Брилијантин“.

Оливија Њутн-Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.