Ози Озборн сподели дека има Паркинсонова болест откако се ширеа шпекулации дека е на смртна постела
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ози Озборн сподели дека има Паркинсонова болест откако се ширеа шпекулации дека е на смртна постела

Ози Озборн сподели дека има Паркинсонова болест откако се ширеа шпекулации дека е на смртна постела

По една година полна со предизвици и шпекулации дека е на смртна постела, Ози Озборн првпат јавно откри дека страда од Паркинсонова болест. 71-годишниот пејач ја соопшти лошата вест во интервју за Good Morning America, каде гостуваше со сопругата Шерон.

Ози и Шерон Озборн

„Принцот на темнината“, како што е честопати нарекуван, добил дијагноза откако минатата година паднал многу лошо во својот дом, по што му била направена операција на вратот.

„Имам блага форма на...“ – вели Ози во интервјуто, по што неговата сакана надополнува: „Има Паркин 2, што е форма на Паркинсон. Има многу различни видови на Паркинсон, тоа во никој случај не е смртна пресуда, но влијае на одредени нерви во телото. Може да имаш добар ден, добар ден, и потоа навистина лош ден.“.

Ози и Шерон Озборн Ози и Шерон Озборн

Поради здравствената состојба, Ози бил принуден да ја одложи светската турнеја за да биде на домашно лекување. Тој планира да го продолжи лекувањето во Швајцарија.

Неговото семејство ги уверува фановите дека тој е многу подобар сега отколку што беше пред една година и силно верува дека тој наскоро ќе се врати на сцената.

„Неговата работа му значи многу. Обожава да настапува. Ова е најдолгиот период кој го поминал дома. Навистина има потреба да се врати таму“ – низ солзи изјави Шерон.

Видео

Ози во моментов работи на нова музика, а дел од песните ќе бидат за неговото искуство со болеста.

Ози Озборн

Паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која влијае на работата на мозокот, на моториката и движењето на телото. Може да се третира со лекарства, но за болеста нема лек. Основните симптоми се тремор, забавени движења, слаба рамнотежа и вкочанетост.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 20010 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?