Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не можете да ме допрете“: Новак Ѓоковиќ им возврати на гостите на Вимблдон кои покажаа непочитување кон него

„Не можете да ме допрете“: Новак Ѓоковиќ им возврати на гостите на Вимблдон кои покажаа непочитување кон него

Новак Ѓоковиќ не дозволува публиката на Вимблдон да покаже непочитување кон него.

37-годишниот српски тенисер не само што го победи Холгер Руне, туку и ја доби „битката“ со британската публика која гласно навиваше за Данецот.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Откако се пласираше во четвртфиналето на Грен Слем турнирот, Ноле им возврати на сите оние кои покажаа непочитување.

„На сите фанови кои имаат почит и кои останаа тука вечерва, ви благодарам од дното на моето срце. А на сите оние луѓе кои одлучија да покажат непочитување кон играч, во случајот кон мене, имајте доооообра ноќ“ – рече Ноле.

Водителот потоа му рече дека тие луѓе само навивале за неговиот противник, но Ноле не ја прифати неговата сугестија.

„Не го прифаќам тоа. Не. Се натпреварувам повеќе од 20 години, па верувајте ми, ги знам сите трикови. Знам како функционира. Во ред е. Јас се фокусирам на луѓето кои имаат почит, кои плаќаат за да дојдат и да гледаат, кои го сакаат тенисот и ги почитуваат играчите и напорот кој тие го вложуваат тука.“

„Сум играл и во понепријателска средина. Верувајте ми, не можете да ме допрете“ – додаде Србинот.

Новак ја имаше поддршката од семејството. Неговата сопруга Јелена со двете деца страсно навиваше за него.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14381 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.